Сопругата на Орце Камчев го спомна и Сашо Мијалков

На прашање од Јовановски дали тој и рекол на Камчева дека знаел кој ќе биде притворен, таа одговори потврдно, и потоа беше побарано да одговори за кого.

„Да, ми рековте дека за два дена ќе биде притворен Мијалков, така и се случи“, рече Камчева.

Обвинетата специјална обвинителка Катица Јанева немаше прашања за сведокот Ана Камчева. Во нејзино име неколку прашања на Камчева ѝ поставија адвокатите Ирена Фрчкоска и Дељо Кадиев.

Нивните прашања се однесуваа на тоа дали Јанева некогаш директно побарала пари од Камчева, како и дали била присутна на средбите за кои сопругата на Орце Камчев тврди дека се делеле пари.

На ова Камчева одговори дека Катица Јанева материјално од неа директно не побарала ништо и дека не била присутна на средбите кога се делеле пари, туку побарала само таа да не се појавува во СЈО за да не привлекува внимание.

Previous articleРусковска и Боки 13 повторно во жестока вербална конфронтација
Next articleАна Камчева откри на кој Министер не му верувала – зборувал со Боки 13