Бившата на Кајмакоски по Саша Ковачевиќ ,,нападна” нов србин (ФОТО)

Пред околу еден месец, поранешната сопруга на поп-пејачот Даниел Кајмакоски, Кристина Димитриевска, на српскиот пејач и ријалити учесник, Ненад Маринковиќ-Гастоз, преку Инстаграм му понуди заедничка дружба во кино.

Оттогаш не помина многу време, а Гастоз не чекаше за да се збилижи повеќе со македонската убавица или пак таа со него?!

Гастоз и се намерачи на екс-сопругата на Даниел Кајмакоски, а и таа за него имаше понуда која го изненади

Тој изминатиот викекенд имаше настап во Скопје, а Кристина заедно со своите пријатели имаше јасна агенда за забава.

Дали имале време за кино дружба како што се договорија претходно, не знаеме, но сигурно е дека се дружеа, а фотографиите таа ги објави на социјалните мрежи.

Фановите веднаш им испратија симболи со срциња, а еден од коментарите беше дека „се навистина добар пар“. За оваа прилика манекенката се одлучила за секси издание сочинето од сако, куси панталончиња и впечатливи црвени чизми над колена.

Иако Кристина минатиот пат на следбениците им вети дека кога непосредно ќе се сретнат со Гастоз, ќе открие од каде се познаваат и каква е нивната релација, сепак ветувањето не го исполни, барем засега…

Previous articleДа не ти се верува – крвните непријателки Цеца и Карлеуша во минатото снимиле дует (АУДИО)
Next articleУапсена Силвија Стојановска поради шверц на дрога