Пранкерите кои го зезнаа Заев со своја лажна Грета Тумберг ,,возеа” американци

Руските комичари Вован и Лексус открија дека тие стоеле зад разговорите со лажната Грета Тунберг. Еден од овие разговори бил снимен со Зоран Заев, а меѓу жртвите се и пејачката Били Ајлиш, американските претседателски кандидати Берни Сандерс и Тулси Габард, актерите Харисон Форд, Јоакин Феникс, Морган Фримен и Памела Андерсон, како и Моника Левински.

Разговорите се уште не се објавени – Вован и Лексус започнаа натпревар во кој граѓани ширум светот ќе можат да донираат пари за нивниот проект насловен „Ѕвездите ја спасуваат планетата Земја“, по што разговорите ќе бидат објавени. Како пример, тие денес објавија еден разговор – со американската пратеничка Максин Вотерс, која е дел од врвното раководство на опозициската Демократска партија во Конгресот.

Од разговорот се слуша како актерка која ја глуми Грета, и актер кој се претставува како да е нејзиниот татко, се мајтапат со конгресменката Вотерс. Тие и векат дека се јавуваат од измислниот остров Чунга Чанга во САД кој е под удар на климатски непогоди. Во разговорот, Вотерс ветува дека ќе ја поддржи Грета за добивање на Нобеловата награда за мир. „Грета“, пак, низ солзи и раскажува на Вотерс дека претседателот Доналд Трамп ја навредил кога се сретнале во Обединетите Нации, и се заканил дека ќе ја уапси и и признал дека имал противзаконски контакти со украинскиот претседател Зеленски.

Максин Вотерс целосно наседнува на приказната и ја кани Грета во Вашингтон, да биде сведок на процесот за импичмент на Трамп. Пред еден месец, кабинетот на Заев откри дека тој имал разговор со лажната Грета. Кабинетот тврдеше дека Заев успеал да го разоткрие трикот, но намерно продолжил да разговара со лажната Грета за да добие повеќе информации од неа.

Но, всушност Заев е стар муштерија на Вован и Лексус – во текот на летото беше откриено дека руските комичари со месеци разговарале со Заев, лажно претставувајќи се дека се украинскиот претседател Петро Порошенко и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Заев дури влегол во филм дека е личен пријател со лажниот Порошенко, и му праќал пораки и доверливи информации за неговите средби со лица како контроверзниот пропагандист Тал Силберстин. Во разговорите Заев бргу се согласи со предлогот на „Порошенко“ да му плати поткуп од 100.000 евра на истанбулскиот Патријарх Вартоломеј, како и да му помогне на Порошенко да го прошири својот бизнис во Македонија. Заев исто така откри и колку е сериозна опасноста од албанскиот национализам за Македонија, откако постојано се навраќаше на опасноста од размена на територии меѓу Косово и Србија.

Интернет страниците преку кои можете да донирате и да одберете која снимка сакате да биде објавена се тука: Донејшалертс и Пејер.

Previous articleНаутро докторка, навечер пејачка: Симона Поповска не се знае како е посекси, во бел мантил или пред микрофон
Next articleГенсекот на СДСМ Николовски објави листа на успеси на СДСМ