Поранешниот дефанзивец на Кардиф, Стоук, КПР и уште неколку англиски клубови Крис Баркер бил пронајден мртов вечерта за Нова година.
Баркер извршил самоубиство на новогодишната ноќ, а неговото безживотно тело е пронајдено во текот на вчерашниот ден.
Беше професионалец 18 сезони, кариерата ја заврши на 37-годишна возраст, но никогаш не заигра во Премиер лигата.
Зад себе ги оставил сопругата и двете ќерки.