ВЕЧЕР: Боки 13 дал дополнителен исказ кај Вилма и кажал кај ги дал парите

По вчерашната изјава на адвокатот на Бојан Јовановски, дека Боки во затворот Шутка добива закани за да молчи, порталот Вечер излегува со тврдење за сознанија од свои извори дека Боки на 20 декември дал дополнителен исказ кај обвинителката Вилма Русковска при што кажал за сите инволвирани во случајот ,,Рекет”:

,,Бојан Јовановски во петок, на 20 декември, бил на распит кај обвинителката Вилма Русковска да даде дополнување на својат исказ пред Јавното обвинителство во врска со случајот Рекет. Распитот трал безмалку цел ден, од околу десет наутро до секоро десет навечер, кога е вратен во затворот во Шутка, со активен распит без паузи од околу 8 часа.

Loading...

Наредниот понеделник, 23 декември, распитот продолжил и траел околу три часа. Што е ново што Бојан Јовановски, Боки 13, имал да и каже на обвинителката Вилма Рускоска?

Според сознанија на порталот Вечер, откако со самиот почеток на судењето видел дека неговите соработници од врвот на власта имаат анмера да го жртвуваат и да се сокријат себе, Боки 13 се отворил до крај и раскажувал што се случило со парите прибрани од рекет, и тоа од повеќе лица а не само од Орце Камчев. Се работи за вкупно собрани околу 7 милиони евра со рекетирање бизнисмени.”

Целиот текст прочитајте го на Вечер

Loading...