Експлодира плинска боца во рибарница во Битола – повредената жена пренесена во болница

Во СВР Битола вчера во 11.00 часот било пријавено дека на ул.„Васко Карангелевски“ во Битола, во рибарница во склоп на пазарот, настанал пожар поради експлозија на плинска боца.

Вработената А.К.Т.(28) од Битола била префрлена во Клиничката болница Битола, после што била пуштена дома.

Пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Битола.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

Previous articleЦеца се огласи по обвинувањата дека ги мести натпреварите на кои Вељко победува
Next articleЗБОГУМ МАРИН: Црвена Sвезда остана без капитенот, тој одлета кај Арапите (ФОТО)