(ФОТО) Комити ги посетија семејствата Младеновски и Вукановски кои живеат во тешки нехумани услови

Статус на Комити:

Денес бевме да довршиме она што започнавме а бевме спречени поради временските прилики и непристапниот терен пред нова година.

Loading...

Ги посетивме местата Враготурце кај седумчленото семејство Младеновски и потоа во Бељаковце кај седумчленото семејство Вукановски, и со наша помош во храна и алишта дадовме скромен придонес кај скромни луѓе со големи срца но и уште големи проблеми во животот.

Покрај проблемите со училишниот превоз за своето дете, никако да го реши ни станбеното прашање и да добие социјален стан од државата. Младеновски живеат во тешки нехумани услови во стара куќичка и без елементарни услови за живот. До селото се пристигнува исклучиво со теренско возило, истото се наоѓа на надморска висина од 1200 метри, на 40км од Куманово и на самата Македонско-Српска граница.

Иако биле посетени од надлежните институции, сепак иститите не го констатирале она што е очигледно, и поради тоа не добиле она што заслучуваат – Социјален стан и нормален дом.

Семејството на самохраниот родител Зоран со 7 члена од Бељаковце живее со месечен приход од само 10.000 денари, и истиот доаѓа од мајката на самохраниот родител која живее со нив. Имаат неплатен долг за струја поради кој му се заканува исклучување, но и неизвесна иднина на 5-те деца од кои најстарото има 15 години. Водата во куќата доаѓа преку водна пумпа која е приклучена на струја, па со исклучувањето на струјата ќе немаат ни вода.

Апелираме до надлежните органи да пронајдат сили и да ги удостојат овие семејства со право на живот, како елементарно право загарантирано за секое човечко суштество.

Вчудоневидени се прашуваме, како може држава која издвојува милионски суми за лубриканти со цел задоволување на мала таргет група, чии потреби не се ниту секундарни, ни терцијални, не може да се соочи со реалниот проблем на оваа категорија на граѓани, на кои им е загрозено самото постоење како живи битија.

Ќе има ли слух некој да се одзва на овој повик и веднаш да ги реши прашањата на овие луѓе? Што во оваа држава е поважно од животот на нејзините граѓани?

Денес бевме да довршиме она што започнавме а бевме спречени поради временските прилики и непристапниот терен пред нова…

Публикувахте от Komiti Skopje в Неделя, 5 януари 2020 г.

Се надеваме дека со нашата посета им ги разубавивме Божикните празници, а уште повеќе се надеваме дека овој Апел ќе допре до вистинските луѓе кои ќе може да им го разубават животот.

Loading...