(ФОТО) Откриено каде се криел „Берберот од Малча“, објавени и фотки од скривницата

Нинослав Јовановиќ (46 г.) познат како „Берберот од Малча“ кој 17 дена и се криеше на полицијата на југо-истокот во Србија, денеска попладне е уапсен од полицијата.

Тој се криел во земуница во близина на неговото село Малча, во атарот на Ниш.

„Берберот од Малча“ е упасен кај селските гробишта кои се оддалечени 20 километри од центарот во Ниш. Покрај земуницата се пронајдени шишиња и други предмети кои ги користел за време на престојот додека го бараше полицијата.

Истаргата треба да покаже колку денови поминал во земуницата. Берберот е осомничен за киднапирање и злоставување на 12 годишната Моника Каримановиќ.

Previous articleВелешка гостилница во очи на Божиќ подели 150 условни оброка на семејства од социјален ризик
Next articleЗорица знае да готви, ама од мајка ми јадењето го обожавам – интервју на Заеви за ТВ24