Десниот бек на Еурофарм Пелистер, Михаил Петровски од пред неколку дена му кажа збогум на ергенскиот живот.
Петровски, кој меѓу соиграчите е познат како Пинки, ја побара за сопруга својата девојка – популарната актерка Ирена Илиевска.
Романтичното запросување се случи на Малта, каде двојката ги мина Новогодишните празници.
Ирена Илиевска е млада и надежна актерка која многу добро ја познаваме од малите екрани или поточно од Македонските народни приказни.
Ирена ни открива дека сака да поминува време со своето куче Макси, зборува за новите проекти на кои работи, а воедно ни сподели и каква е всушност во приватниот живот.