Што се случило кога друштво од Балканот одлучило да пече јагниња во парк во Германија

Една сончева недела во мај лани, берлинската полиција добила позив да излезе на терен: „Ве молиме, дојдете веднаш во паркот Фридрикшајн. Луѓе од автомобили вадат овци – цели и без кожа!“ Се испостави дека се работи за околу 150 луѓе кои се самоорганизирале да испечат 12 јагниња на електрични ражни, споени на автомобилски акумулатори.

Полицијата прилично опуштено реагирала на оваа, за Германци прилично егзотична слика, за што помогнало и друштвото кое се покажало скроз кооперативно: ражните биле размонтирани а материјалот вратен во колите.

Се покажало дека се работи главно за луѓе со потекло од Босна кои решиле, малку задоцнето, да го прослават својот верски празник.

„Болна култура“, „ниеден нормален граѓанин не би дошол на ваква идеја“ пишале дел од згрозените кои реагирале на социјалните мрежи.

Дискусијата станала толку жестока што морала да се вклучи и полицијата објаснувајќи дека се работи за банално прекршување на законот бидејќи тие дозволувале пафтање скара во паркот но „само во порции кои ги собира во чинија,“ што „исклучува вртење цели животни“.

Целиот текст прочитајте го на Оф Нет

Previous articleВлатко Васиљ распали по Ганка: Дедо и бил соработник на Бугарскиот окупатор
Next articleДо каде се спремни да одат – Иран се закани дека ќе го гаѓа Дубаи!