На што личи бе ова смрдам на пепељара – само пола саат седев во ресторанот

,,На што личи бе ова смрдам на пепељара – само пола саат седев во ресторанот”, ова е коментарот кој го забележавме на социјалните мрежи, кој уште напомена дека планирал да јаде во ресторанот во кој седел, но му се згадило и си заминал!

Две години поминаа како непушачите, но и пушачите се трујат од чадот од цигари на тераси, бавчи и платформи надвор од угостителските објекти откако пред две години тоа беше овозможено со законски измени.

До утрово, повеќе од 5000 граѓани дадоа поддршка на петицијата со која се бара враќање на Законот против пушење во затворен простор.

Во 2017 година се потпишуваше петиција со која се бараше запирање на измените на Законот кој собранието го изгласа во март 2018.

Предлог-Законот за изменување на Законот за заштита од пушењето кој тогаш беше поднесен од пратениците: Томислав Тунтев, Јован Митрески, Мирсада Емини Асани, Шпреса Хадри, Петре Шилегов и Васко Ковачевски беше предвидено да биде дозволено да се пуши на тераси, бавчи и платформи надвор од угостителските објекти и кога тие се затворени поради временските услови.

Во сега актуелната петиција пак се бара да се врати претходниот закон со кој се забранува пушење во затворен простор

„Доста е труење од туѓите лоши навики, доста е усмрдување на облека, коса и тело од чадови! Се работи за вашето и нашето здравје! Се работи за здравјето на нашите деца!“, стои во образложението на петицијата.

Доколку давате поддршка на оваа петиција може да се потпишете тука.

Previous article(ФОТО) Саша Поповиќ и ја исполни желбата на Карлеуша и остнанатите од жирито – не можеа да поверуваат кога видоа
Next articleИма ли некој да го запре ова лудило: Во Чаир повторно на удар две девојчиња