Иранскиот генерал се заколна во животот на неговите деца: Никогаш немам почувствувано толкав срам

Врховниот командант на Иранската револуционерна гарда, генералот-мајор Хосеин Салами, изрази сочувство поради нападот на украинскиот Боинг 737 во средата, во кој загинаа сите 176 патници со членови на екипажот.

Никогаш немам почувствувано толкав срам во животот. Се колнам во животот и во моите деца повеќе посакувам да бев во тој авион и да изгорев заедно со сите жртви, отколку од страна да го следам овој трагичен инцидент – изјави Салами и истакнал дека таа воeна формација не сака ништо друго освен да го брани Иран.

Помеѓу патниците загинати во несреќата во Иран имало 82 државјани на Иран, 63 Канаѓани, како и државјани на Украина, Шведска, Авганистан, Германија и Велика Британија.

Загинаа 11 Украинци, меѓу кои и девет членови на екипажот, 10 државјани на Шведска, четворица патници од Авганистан, тројца од Германија и тројца од Британија.

Иранската војска во саботата и официјално призна дека го соборила украинскиот авион по грешка, стои во соопштението објавено на иранската државна телевизија.

Previous articleЈоци: Искра уредничката од опозициската ТВ седум години со мене дишеше ист воздух за на крај тоа да ми го направи
Next articleКумановците се враќаат од Ирак и нема да заминат повторно, но има и такви: Не се плашиме, одиме пак назад