(ВИДЕО) Од среде Пацифик капетан на брод со екипажот упати силна порака до Македонија

На социјалните мрежи утрово се појави интересно видео направено на брод кој плови во Пацификот, а во кое екипажот има кратка, но јасна порака.

Имено во пресрет на решавачкиот меч на ЕП 2020 за ракометарите на Македонија против домаќинот Австрија, екипажот на чело со капетанот кој е Македонец исрпати поддршка.

„Една е Македонија“, извикаа на македонски јазик, а потоа на англиски кажаа „Ние сме Македонија“.

Симпатично и уникатно, нема што. Поддршката за нашите ракометари е повеќе од потребна и важна во овие моменти.

Инаку капетанот на бродот според нашите информации е токму Македонец кој е и иницијатор на ова интересно видео во кое се дава поддршка за Македонија.

Previous articleАпасиев: Како да им објасниш на овие северџанско-соросписки муртати
Next articleЗа да ја бодри Македонија каде и да игра досега потрошил пари колку за стан во Скопје