И по четири години ни трага ни глас од Марина од Кочани: Мајка и Ленче верува дека се уште е жива

Годините минуваат, но деновите на неизвеснот и болка за Ленче Цветкова од Кочани не минуваат никако. Нејзината 36 годишна ќерка Марина веќе четири години ја нема никаде. Од дома заминала од трпезата на куќната слава. Станала , излегла и повеќе не се вратила.

„Ни се јави и ми кажа мамо за Нова Година или Божик ќе дојдам со детето на гости, но тоа не се случи. На 29 декември ни се јавија од полицијата да ме прашаат дали Марина е на гости јас кажав дека не е кај нас. Од куќната слава не сум ја видела веќе четири години. Мажот и’ пријавил во полиција, а не ни праша дали е кај нас или кај сестра и’. Полицијата го презема случајот, но ништо“ изјави Ленче Цветкова, мајка на Марина.

Но, 30 дена подоцна, свекрот на Марина се самоубива со бесење отккао претходно напишал проштално, но и мистериозно писмо на признание и каење.

„Жалам за се’ , но јас ја завршив целата работа и ја фрлив во реката, напишал свекорот.

Оваа порака во прв момент ги убива сите надежи на Ленче, но ја принудува полицијата да направи детална истрага и потрага по телото на Марина. По долго барање на полицијата, пожарникарите, но и на сите од семејството, резултатот бил негативен, зашто Марина не била пронајдена, ниту пак некакви остатоци од облека кои би укажале дека таа завршила во Брегалница или некое друго место.

Ова силно ја враќа надежта на семејстовто на Ленче дека нејзината ќерка е жива, а пораката од прошталното писмо можеби не се однесувала на Марина.

Од овие причини таа вистината за судбината на Марина ја барала и на алтернативен начин.

„Почнав да верувам и да одам кај видовити луѓе, стасав и до Клеопатра. Таа ни кажа дека е жива “ , изјави Ленче.
Оттогаш, за Цветкови нивната Марина е жива и тие деновите ги живеат во трауматично исчекување дека судбината на било кој начин ќе и потврди зад трагедијата може да се појави и среќа.

Во меѓувреме, зракот на надеж е нивната 12- годишна ќерка на Марина која кај нив доаѓа редовно и со евоцирање на инстинкт дека мајка и не е тука, но сигурно е жива.

Previous articleМакедонскиот јазик станува задолжителен на сите факултети во државата
Next articleМојсоски по ЕП: Tреба да си прв во село, па потоа да заминеш во град, парите ќе дојдат