Доаѓа нова актерка која ќе му стане љубов на Фикрет во Истанбулската невеста?

Фикрет Боран, кој го глуми Салих Бадемци, е човек кој не толерира да живее во сенката на неговиот постар брат Фарук, и често носи лоши одлуки. Тој ја имаше несреќата да се заљуби и подоцна се ожени со Ипек, која фантазираше за Фарук. Поради желбата да стане госпоѓа Боран, Ипек се омажи за Фикрет без тронка љубов. Тој заслепен од љубовта прави сè за да ја израдува.

Но, бракот не е давање само на еден. Проблемите ќе се појават откако ќе се роди нивната ќерка и кога жената целосно го запоставува. Осамен и несреќен, Фикрет наоѓа утеха кај друга жена.

Во серијалот, Фикрет се вљубува во колешката од работа Есра (Имер Озгун) која е негова сопруга во реалниот живот. Тие се во брак од 2015 година. Тие се познаваа уште од нивните тинејџерски денови, кога беа на сцената заедно како средношколци.

Ситуацијата во серијата многу ги забавува и тие најчесто добиваат позитивни коментари од гледачите на серијалот, посочува овој симпатичен актер.

„Во брак сме само три години, а нашата љубов трае осум години. Ние всушност се познававме уште од средно училиште и на почетокот бевме најдобри пријатели. Растеме и многу се забавуваме, тоа е нашата формула! “, вели Салих.

Previous articleНајголемиот аеродром од Германија има потреба од работници – може да конкурираат и Македонци
Next articleМаж ми ми рече дека го ,,пали” помислата да спијам со други мажи а тој да гледа