Најголемиот аеродром од Германија има потреба од работници – може да конкурираат и Македонци

Додека германските работодавци бараат стотици илјади работници и во Македонија стигнуваат најразлични понуди за работа во Германија. Но оваа е една која со својата атрактивност и перспективност се издвојува пред другите. Познатиот франкфуртски аеродром ја објави својата намера да вработи луѓе од нашиот регион и така да го потполни својот тим.

Франкфуртскиот аеродром, најголем во Германија по обемот на остварен промет се наоѓа помеѓу првите пет најголеми во Европа, а и во светски рамки котира многу високо – тој е тринаесетти во светот по бројот на патници кои поминуваат преку него. Само за илустрација, минатата година преку овој аеродром поминале 64,5 милиони патници.

Но општо присутниот проблем со недостаток на работници не ја заобиколи ни компанијата Фрапорт која управува со франкфуртскиот аеродром. Според германските портали, на компанијата Фрапорт и нејзините сестрински фирми им недостигаат 2000 работници, односно од 20000 работни места на аеродромот кои се потребни за нормално функционирање, секое десето е празно.

Како што наближува сезоната на годишните одмори, проблемот станува уште поголем, па Фрапорт одлучи да побара работници од Југоисточна Европа. Шефот на човечки ресурси на франкфурстскиот аеродром, Михаел Милер изјави дека сака директен контакт со работниците од Хрватска, Србија, Бугарија и Македонија кои се заинтересирани за работа на аеродромот во Франкфурт. Напомена дека се потребни како стрични работници, така и работници за сервис на аеродромот.

Поголемите аеродроми во Германија и останатите европски земји имаат континуирана потреба од работна снага, па така, не се двоумете да им пишете на нивниот официјален вебсајт и да се понудите како потенцијален работник.

Previous articleСе ,,закачија” поранешните другари Јанко и Миленко – ама јако (ФОТО)
Next articleДоаѓа нова актерка која ќе му стане љубов на Фикрет во Истанбулската невеста?