Телафонот на проверка, па потоа разгледување на барањето – земјите од ЕУ воведуваат нови мерки за барателите на азил

По големите мигрантски бранови од пред некоја година, но и се поголемиот број баратели на азил од источно-европските земји, Австрија воведува нови мерки и услови кои ќе мора да ги исполнат барателите на азил.

Азилантите во Австрија ќе мора да платат по 840 евра и да ги предадат своите паметни телефони, се предвидува во новите мерки кои ги усвои австриската Влада.

Парите ќе бидат наменети за трошоците за нивните барања за азил, а властите ќе ги користат податоците од нивните телефони за да го утврдат начинот на кој дошле во Австрија.

Ако се утврди дека претходно влегле во некоја европска земја, би можеле да бидат вратени во неа.Австрискиот министер за внатрешни работи Херберт Кицкл, од ултрадесничарската Партија на слободата (ФПО), рече дека мерките се воведени за да се „спречат злоупотреби“.

За нив наскоро ќе се изјасни и австрискиот Парламент.Австрија доби повеќе од 150.000 барања за азил. Според новите мерки, бегалците ќе можат да бараат државјанство дури после десет години, а депортациите ќе бидат забрзани.

Previous articleВанковска: Димитар Апасиев е НАЈАРТИКУЛИРАНИОТ политички лидер и експерт
Next articleЕпа сега познато е кај сè жените сакаат да ги прават ,,оние” работи – одговорија на анкета