Пејачката Стојанка со исповед за она што и го направила свекрвата: Никој не може да остави рамнодушен

Попозната како Стоја, пејачката Стојанка Новаковиќ неодмна ја шокираше јавноста кога призна дека поради сегашниот сопруг пробала да се убие, а сега ги изненади сите кога откри детали од младоста.

Имено, пејачката се омажила многу млада, а семејството на нејзиниот прв сопруг никогаш не ја сакало, поради што свекрвата во една прилика ја исфрлила од куќата со детето кое тогаш немало ни 3 години.

„Се омажив многу млада, на 16 години, за човек кој неизмерно го сакав, како и тој мене. Синот Милан го родив во седумнаесетта година и набрзо почнав да настапувам со еден бенд, секако со сограсност од сопругот. Таа идила траеше до моите 19 години, кога се случи таа несреќа, се тргна наопаку.

Семејството на мојот сопруг никогаш не ме сакаше, им пречев уште од самиот почеток“ – кажа пејачката, а потоа објасни како изгледала безнадежноста во која се нашла:

„Истиот ден кога го погребавме мојот сопруг, неговото семејство мене и детето со неполни 3 години не исфрли на улица! Немав време ни моите работи да ги земам, излегов без ништо. Го гледав малото дете и не знам каде да одам. Моите уште порано, кога решив да се мажам, ми рекоа кај нив веќе да не се враќам. Цел тој ден, до доцна во ноќта, одев низ селото и на целиот глас викав и плачев!

Мислев дека тој период нема да го преживеам. Наредните неколку месеци син ми и јас бевме кај моја другарка, со неа ја делев последната шолја кафе и последното парче леб. Секако морав да продолжам со пеењето по кафаните за моето дете да има што да јаде“ – раскажа пејачката.

Стоја прв пат се омажила на 16 години, а нејзиниот сопруг се убил само 3 години покасно кога таа останала вдовица со тригодишниот син Милан Новаковиќ.

Previous article(ФОТО) Капа до под за останатите скокачи по крстот: Го пуштиле Милан да го фати и тоа со добра причина
Next article(ФОТО) Министерот денес пешачел 7 часа за да ја посети Атиџе од „Медена земја“