(ВИДЕО) Конор се врати! Го изгази Каубој за 40 секунди и испиша историја!

Конор Мекгрегор испиша историја во првиот меч по поразот од Хабиб. Ирскиот борец го нокаутираше Доналд Сероне Каубој за 40 секунди и направи нешто што на никој не му успеало досега во УФЦ.

Конор Мекгрегор се врати, и тоа во голем стил, го нокаутираше Доналд Сероне Каубој за само 40 секунди и стана првиот борец во историјата на УФЦ кој успеал да победи со нокаут во три различни категории.

Мекгрегор уште од првата секунда тргна офанзивно, откако го промаши првиот удар, веднаш го удри Каубој со колено, а потоа имаше четири интересни удари со рамо. Следуваше удар со нога во глава кој беше пресуден, по што само со неколку удари во глава го дотолчи противникот.

Ова беше првата борба на Конор по поразот од Хабиб Нурмагомедов во легендарната битка која се одржа во октомври 2018.

Previous article(ВИДЕО) Ќе ви се скрши срце: Милош од кумановско наместо со магаре, сега патува на школо со трактор
Next articleИ Прилеп имал своја Баба Ванѓа – кај Ѓурѓа иделе луѓе дури од Америка и Австралија