(ФОТО)Хуманоста пред се: Граѓаните веднаш се кренаа за помош на мајката и синот од Велес

Статус на отец Филип Иванов:

Па тоа е тоа луѓе мои! Се враќам од кај Јордан и Ангелина, црквата од рано утро се погрижи тие веќе да имаат неколку кубика дрва, значително количество храна, и хигиенски продукти. Луѓе таму веќе се зафатени со средување на куќата, пред реновирање!

Loading...

И, веројатно најважно од сѐ, тие имаат ветување за институционална помош за понатаму.

Слава на Бога за сѐ, и благодарност до сите што придонесуваат за животот на ова семејство да се промени на подобро!

Па тоа е тоа луѓе мои! 😃Се враќам од кај Јордан и Ангелина, црквата од рано утро се погрижи тие веќе да имаат неколку…

Публикувахте от Filip Ivanov в Вторник, 21 януари 2020 г.

Невладините организации и граѓанските иницијативи се пуштија веднаш во акција.

„Од срце за срце“, доброволна, хуманитарна и добротворна група која дејствува преку Фејсбук уште вчера соопштија дека на семејството ќе му бидат доставени храна и хигиенски средства а од месецов Јованови ќе немаат проблем за храна затоа што ќе бидат под нивна закрила.

„Благодарејќи на подршката, Се обединивме со отец Филип Иванов и заедно ќе носиме се што ќе е потребно на ова семејство.

Повеќе Xумани Граѓани од Bелес се вклучија во помагањето и градење ( оспособување ) на куќата на Јордан и баба Ангелина .. Сите вие кои што сакате да помогнете а незнаете како ве замолувам да исконтактирате со Рубин Дуковски кој е одговорен за реновирањето и тој ќе ве спроведе и каже со што би допринеле .. Макар би отишле и еден ден да помогнете со чистење, рушење, и сл.. Секоја помош е добредојдена .. Bе замолувам сите да се обединиме и станеме едно и помогнеме сега тука, затоа што најпотребно .. Затоа што Xуманоста не познава граници . За што и да треба контактирајте ме мене или горе наведените личности“, соопштува Сашка Кузманова од добротворната група.

Loading...