Ордан од Австралија за еден ден собра над 10.000 долари за велешаните Јордан и Ангелина

Она што семејството Јованови од Велес го добиле како донација, а ќе им претставува вишок, ќе го донираат на други семејства, на кои им е неопходна помош. Со ваква изјава не пречека Јордан Јованов, кога утрово го посетивме неговиот дом. Тој вели дека знае што е сиромаштија, но и овие три дена почувствувал што е солидарност и хуманост.

Во меѓувреме, не престануваат донациите за ова семејство, чија приказна во понеделникот ја објави Телевизија 24. Велешанецот Ордан Наумов кој живее во Австралија, за само 24 часа преку фејсбук донации собра над 10 илјади долари. И самиот вели дека е изненаден од одзивот на луѓето, пред се на Македоците во странство.

Веќе во сабота, семејството Јованови времено ќе се пресели во друга куќа, а од понеделник почнува реновирањето на нивниот дом, донација од хуманитарната организација Свети спас и Македонската православна црква, а во соработка со една од најголемите велешки градежни фирми.

40 годишниот Јордан Јованов и неговата 75 годишна мајка живеат во катастрофални услови, а до завчера, немаа ниту огрев, ниту доволно храна, ниту услови за живот.

Ангелина веќе деценија ипол е врзана за кревет, отакако преживеала мозочен удар. За неа се грижи синот Јордан, кој и самиот има срцеви проблеми. По донациите од хуманите граѓани, топлината влезе во домот на ова семејство.

Извор: ТВ24

Previous article(ВИДЕО) Татко од Скопје очајно една година го бара својот син: Кај нас нема значење дали е животно или човек
Next articleРазврат и блуд – вака ги опишува Тијана патувањата на бродот на кој што работи