Марко Слаткар на Сања и направи бебе, но што ли и направил на Гавазова?

Неодамна Марко Маринковиќ – Слаткаристика и неговата поубава половина Сања Николиќ, објавија на Инстаграм дека го очекуваат својот прв наследник. Сања е бремена и „Слаткар“ наскоро ќе стане татко за прв пат.

Повеќе од доволна причина екипата на „Бекстејџ“ да отиде и поразговара со идниот татко, кој што вели дека мекици нема да прави, бидејќи тоа се залудно потрошени пари.

„Ќе почестам, ама нема да правам ‘свадба’… Мекици? Тоа е жива глупост. Најшкарт инвестирани пари. Овде само нешто се слави. Треба да се работи, а не само да се слави“ – вели Марко во изјавата.

Деновиве на социјалните се појави интересна фотографија која буди голема љубопитност. Неа ја објави нашата пејачка Сузана Гавазова на своите Инстаграм приказни, а на неа фолкерката е сликана заедно токму со „Слаткар“, додека во описот на фотографијата стои: „Се готви нешто со најдобриот и единствениот Слаткар!“

Слаткар на Сања Николиќ „и направи бебе“, мекици за бебето нема да прави, а што тоа (ќе) и направи на Сузана Гавазова? Ќе дознаете наскоро!

Во меѓувреме, погледнете и слушнете што друго кажа за бебето, за мекиците и Сања, за настапите и спотовите во Бугарија и Банско, за соработката со младите артисти од новата сцена, социјалните мрежи и интернет… во видеото во продолжение:

Извор: Вистина

Previous article(ВИДЕО) Илија Димовски до Сугарески: Вие врска немате од патишта – 3 години не тормозите со глупости
Next articleПознатата пејачка кај Жаре ,,Еден на еден” откри кој и бил прв (ВИДЕО)