(ВИДЕО) Снимка од моментот на земјотресот во Турција која најдобро одсликува за силината

Земјотресот од 6.9 степени според Рихтер кој однесе 31 живот во Турција и сруши објекти, беше фатен и среде програма во живо.

Земјотресот е ззабележан во 17,55 часот на длабочина од само 2 километри, а се почувствувал во Ирак, Сирија, Либан и Израел.

Loading...

Бројот на жртви од земјотресот што со јачина од 6,9 степени по Рихтеровата скала вчера ја погоди Турција се искачи на 31, бројот на повредени е 1.556 додека спасувачките екипи и натаму трагаат по преживеани под урнатините на станбените згради, соопштија властите.

Министерот за внатрешни работи на Турција, Сулејман Сојлу изјави дека 18 лица го загубиле животот во провинцијата Елазиг, а четири смртни случаи се регистрирани во Малатија. Националната Агенција за вонредни ситуации подоцна потврди за уште девет загинати лица.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги посети најпогодените подрачја од земјотресот. Притоа предупреди „да не се шират трачеви“ и информации од типот „рекла-кажала“ дека државата не е подготвена за вакви и слични природни непогоди.

Loading...