Влатко Лозаноски на манифестацијата Music Awards Ceremony 2020, каде што го доби признанието за најдобра поп фолк нумера изреагира на најавата на водителот.
Тој го поправи водителот, кој го претстави како пејач од Северна Македонија, објаснувајќи на македонски дека „тоа е Македонија, а не со тој додаток што го кажа предмалку“.
Инаку Лозано минатата година одби да настапува на концерт по повод пристапното членство во НАТО, а по промената на името со Преспанскиот договор.
Погледнете го видеото: