Ноќеска во Скопје загина Буштур – една од најголемите кошаркарски легенди кај нас

Неприлагодена брзина и влажен коловоз се првичните впечатоци од местото на сообраќајната незгода, но не се исклучува дека на Буштур некој му го пресекол патот па морал да маневрира со возилото, што пак довело истото да изгуби контрола.

Тој удрил во бетонската жардињера која се простира на средината на коловозот на булеварот Србија.

Благоја Георгиевски – Буштур (роден на 15 октомври 1950 во Скопје) — поранешен македонски кошаркар и југословенски репрезентативец.

Благоја својата кариера ја поминал во Работнички, клуб кој се натпреварувал во Првата југословенска кошаркарска лига. Со Работнички во сезоната 1975/76, Благоја стигнал до полуфиналето на Купот на победниците на куповите.

Previous articleЈоци: Кога треба детево Џорчев да бара патни трошоци, се потпишува на ,,Северна”.
Next article(ВИДЕО) Стравични сцени од местото на несреќата и остатоците од автомобилот во кој загина Буштур