(ВИДЕО) Стравични сцени од местото на несреќата и остатоците од автомобилот во кој загина Буштур

Синоќе во сообраќајка во скопска Кисела Вода, во близина на последна 24-ка, животот го загуби легендата на македонската кошарка, Благоја Георгиевски–Буштур.

Легендарниот македонски кошаркар, тренер и спортски функционер, Благоја Георгиевски-Буштур, ноќеска трагично загина во сообраќајна несреќа во скопска Кисела Вода, откако загубил контрола врз својот автомобил и удрил во бетонската жардиниера која се наоѓа на средина од булеварот.

Првите снимки од возилото се драматични, со оглед што од силината на ударот неговата предница е целосно уништена, а може да се види и дека е скршена шофершајбната од возачката страна, најверојатно од ударот на кошаркарската легенда.

Засега нема детали како е дојдено до несреќата, а полицијата во текот на денот ќе излезе со детали околу оваа несреќа.

Видео: Инфомакс

Previous articleНоќеска во Скопје загина Буштур – една од најголемите кошаркарски легенди кај нас
Next articleКинезите нека гледат и нека учат: Во Македонија автопат од 2 км ќе се гради три ипол години