Ирена Спировска е една од малкуте медиумски личности во нашата држава, која опстојува на највисоко ниво преку дваесет години.
Ирена важи за врвен професионалец во својата работа и што е уште поинтересно, за неа во изминатите две децении не слушнавме ниту една афера која ќе го расипе нејзиното реноме.
И сега, што е најинтересно – како старее е сè поубава. Многумина се прашуваа како и успева да ја одржува својата линија сиве овие години, а Ирена даде одговор на тоа.
Имено, таа е пасиониран планинар, хоби кое ја одржува во максимална кондиција и придонесува за толку потребната енергија за исполнување на професионалните обврски.
С.П.