Во Македонија нема каде да се испита дали некој има Коронавирус – на помош нашите соседи

Во лабораторија во Ниш ќе проверуваат дали некој македонски државјанин или странец кој бил во Кина е заболен од смртоносниот корона вирус. Нашите ќе праќаат анализи за проверка во Србија се додека наредната недела не пристигнат дијагностичките тестови што ги нарачале здравствените власти.

Министерот Филипче за Сител потврди дека ваков договор имал со неговиот српски колега Лончар. Епидемиолозите во Македонија се на готовс бидејќи деновиве треба да се вратат група од македонски граѓани кои работат во Кина, но биле на 1000 километри оддалеченост од жариштето на вирусот. По нивното пристигнување ќе проценат дали има потреба да бидат под надзор.

Засега функционира термалната камера на скопскиот аеродром која ги проверува патниците од летовите од Истамбул и Дубаи, а според надлежнте ако има потреба ќе има надзор и на охридскиот аеордром а ќе делат информативни флаери и на граничните премини.

По Светската здравствена организација, вонредна сотојба поради коронавирусот прогласија и САД. Американскиот претседател привремено ќе забрани влез во земјата за странци за кои се верува дека би можеле да претставуваат ризик од ширење на вирусот.

Целата сторија проследете ја на ТВ Сител

Previous articleИ на 45 години ДРМА со својот изглед – која е тајната на Ирена Спировска
Next articleИ Германците не се тоа што беа: Нема да верувате што прават при издавање на стан или куќа