Семејството од „Медена земја“ со осумте деца бара помош: Нема каде да се бања, без основни услови за живот

Семејството на Љутфије Сам кое се појавува во документарниот филм „Медена земја“, кандидат во две конкуренции за „Оскар“, бара помош за осумте деца од кои најмалото има една година.

Во старата куќа нема основни услови за живот, а децата немаат каде да се бањаат. Единствен приход им е продажбата на мед, а добронамерни луѓе помагаат колку што можат со добротворен прилог.

Loading...

Од државата добиваат помош од мерката за трето дете. Десет-членото семејство бара од хуманите лица да им помогнат со храна и облека.

Владата вети дека ќе помогне на ова семејство. Во продолжение емисијата „И јас сум тука“ со ова семејство.

Секојдневниот појадок на семејството Сам од Лозово се јајца, леб и кисело млеко. Љутфије Сам има 8 деца, најмалото има 1 година.

Старата куќа без основни услови за живеење уште повеќе им го отежнува животот. Тие се дел од документарната драма „Медена земја“ која е кандидат за Оскар во две категории.

Најголем проблем е тоа што децата немаат каде да се бањаат. Тие немаат бања воопшто. Љутфије вели дека преку лето е лесно бидејќи ги бања децата во дворот, но во зима многу ретко ги бања.

Loading...