(ВИДЕО) Леброн Џејмс: Нема да ви го читам ова ср.ње што ми го напишале – ќе ви кажам нешто друго

Лејкерси вчера за прв пат играа во „Стејплс центарот“ после трагедијата на еден од најдобрите кошаркари во историјата. Брајант животот го загуби во падот на хеликоптерот во неделата во близина на Лос Анџелес. Во оваа несреќа покрај Коби загинаа уште осум лице, помеѓу кои беше и 13 годишната ќерка на Брајант, Џана. Пред почетокот на натпреварот беа одржани говори, се обрати и Леброн Џејмс:

„Имам нешто напишано, бараа од мене да одржам говор, но Лејкерс нацио нема да ви го продавам ова сра*е што го пишува и ќе ви зборувам од срце. Семејството секогаш е на прво место и додека ве гледам вас во салата, гледам дека сите сме за жалење, повредени и скршени.

Кога доаѓав во Лејкерси ми кажуваа дека ова е едно семејство и во неделата видов дека тоа е вистина. Ова е навистина семејство и знам дека Коби, Џана и Ванесе ви се благодарни на тоа“.

„Вечерва го славиме момчето кој дојде тука на 18 години. Коби ми е брат и додека бев во средно и го гледав, водевме големи битки на теренот и делевме иста желба да бидеме најдобри во тоа. Со соиграчите ќе го продолжам она што тој го остави. Ќе играме кошарка затоа што тој тоа најмногу го сакаше“.

Previous articleЗлатко Бучки: Најголемиот новинарски рекетар, козарот Миленко ничим изазван ја напаѓа ,,Левица”
Next articleВо среде црква во Велес му го зел службеното оружје и го исп укал