,,Ова што се случи со мој Теди ме потсети на настанот од пред неколку години во Свети Николе кога врискаа деца”

Статус на Зоран Алексов: ,,Како да им го објасниме светот во кој живееме на децата. Ке се вратам малку назад пред неколку години шетајки во градскиот парк во Свети Николе околу 20 часот убаво време пред мене се слушна врисок на неколку деца, преплашени со солзи во очи застанав и забележав кутре скитник како исфрла пена од устата и умира во страшни маки се мачеше неколку минути пред очите на деца од не повеке од 8 или 9 години.

Една мала кукличка заеткано ме праша чичко што му е на кутрето ке умре ли. Тоа не беше нејзино кутре но за неа беше многу трагично што умира пред нејзе. Како да му објаснам на детето што му е. Како да ме сфати дека некој идиот му фрлил отров во средина на паркот каде што стотици дечиња се шетаа и уживаа во убавото време. За бележав дека во близина имаше вработен од комуналното претпријатие кој со количка веднаш го собра отруеното кутре.

Претпоставив за што се работи и бев гневен навистина гневен. Го сретнав Градоначалникот таткото на градот кој нели е избран да се грижи за граѓаните и со својата работа да го олесни животот на граѓаните. Му кажав за случајот кој што се одвиваше пред мои и пред очите на сите присутни во паркот знам дека на многумина не им беше битно некои беа рамнодушни, некои насмеани некои загрижени но тоа не беше нивна работа.

Но децата, децата беа тажни, растревожени и расплакани јас незнаев како сум осеќав тага, гнев лутина, лутина према општеството во ке живееме и затоа му пренесов на таткото на градот но веројатно тој не беше премногу засегнат и незаинтересирано набрзина си замина. Разговарав со повеке луѓе кои чуваат домашни миленичиња и дел од нив ми пренесоа дека организирано ги трујат кучињата скитници дека зад сето тоа стои комуналното претпријатие.

Претпоставив дека е така уште кога видов дека има спремен човек кој веднаш со количка го подига трупот од отруеното кутре а животот ме научил дека нема случајности ништо не е случајно и само ги поткрепив моите сомневања. Ссе загрижив затоа што и јас чувам кутре Теди најмалиот член на моето семејство така го прифативме го вдомивме на старост од 1 месец мешанече со мал раст темпераментно ведро кутре полно со радост и љубов. Се трудевме да вниваме на него, секое излегување го пратевме каде душка а тој секогаш беше толку растрчан и се сакаше да подушка да види кое кутре или маче поминало таму.

На 02.02.2020 година нашиот Теди полн со радост, најсреќен во нашето друштво и заедничките прошетки врзан на синџирче надушкал смртоносен отров спакуван во некое мевце или саламиче кое изгледа превкусно, тој уживаше во саламките кои иситнети му се даваат од рака не одолеал го душнал и го лизнал со јазикот. Го загубивме умре бргу фрлајки пена од уста без никаква можност да му помогнеме.

Би ги прашал сега институците ако може да ми помогнат како да му објаснам на моето дете зошто се случува ова како да му објаснам во какво општество живееме, дали е тоа општество на трујачи бездушници како да и објаснам дека нејзиниот, нашиот најдобар другар кој 6 години ни даруваше неизмерна љубов и радост кој ги препознаваше нашите чувства нашата радост, тага вознемиреност и секогаш беше до нас да се погали да скока околу нас да не расположи е отруен бидејки нашето идотско општество на тој начин го решава проблемот со кутрињата скитници.

Дали можете да замислите како е кога имаш убав ден со керкичката која сега е студент и во тесната соба од студенскиот дом има само неколку слики од Теди кој и таму и носи радост, која од љубов према Теди према живтните и животот воопшто има истетовирано минијатурни две шепички на зглобот од рачето. Како???

Дали знаете како е кога еден убав неделен ден поминат во градскиот парк во Скопје и посета на зоолошката градина да уживаме во убавината на животните ке ти се јават од дома и во плач ке ти кажат ни го отруа Теди ни умре на раце, и тоа да го слуша твоето дете кое е научено да прима само љубов и да дава љубов дали Градоначалниче и останати авторитети градски директори на ЈКП знаете како е? Колку солзи се тоа врисок плач кој неможе да се сопре??

Не знаете неможете да знаете вас ве интересираа само правењето пари и ништо друго и да исти сте сите несакав да верувам во тоа но знам исти сте бездушни. Како сакате децата да живеат во вакво општество да не ја напуштаат државата. Во кое општество да живеаат? Општество на нездушни трујачи кои расфрлаат отрови во паркови пред игротеки пред пицерии места каде нашите дечиња чекаат родендени и се радуваат на животот. Што треба следен пат да се отруе некое дете?? Дали некогаш размислувате за вашите постапки. Кому му сметаше Теди???”

Previous articleШто си е сигурно, сигурно е: Двајца Кинези проверени на скопскиот аеродром
Next articleПолицијата кај Штип запрела возило без таблички, па останале фрапирани по она што нашле во гепекот