Доктор предупредил за Корона вирусот – му дошла полиција дома и го замолчеле

Еден месец подоцна, тој од болнички кревет ја сподели својата приказна со јавноста и беше прогласен за херој.

„Здраво на сите. Јас сум Ли Венлианг, офталмолог во Централната болница во Вухан“, напиша Венлианг на кинеската социјална мрежа Веибо и ја почна својата приказна.

Во декември Венлианг забележал седум случаи на зараза од непознат вирус во својата болница за кој сметал дека има сличности со САРС, вирусот што предизвика глобална епидемија во 2003 година.

На 30 декември тој ги предупредил своите колеги лекари дека тоа може да биде многу заразна болест и ги советувал да носат заштитна облека за да избегнат зараза. Четири дена подоцна го посетила полицијата, односно службеници од Канцеларијата за јавна безбедност, кои му предале писмо во кое е обвинет дека „давал лажни информации“ што „сериозно го нарушиле општествениот поредок“.

„Официјално ве предупредуваме дека ќе бидете изведени пред лицето на правдата ако продолжите да ширите вакви неосновани гласини“, пишувало во писмото. Венлианг бил едно од осумте лица што тогаш биле следени од полицијата поради „ширење невистинити гласини“, вели Би-би-си.

Целиот текст прочитајте го на мкд.мк

Previous articleШто се случувало во авионот на „Рајанер“ кој летал од Будимпешта – патниците се онесвестувале еден по еден
Next article(ФОТО) Шилегов откри голем скандал и објави фото-докази од човечки органи