(ФОТО) Ангел живее во колиба со влага, за да јаде секој ден патува до Кратово по 5 километри

Игор Лиса Петров на фејсбук сподели статус со животна сторија за Ангел од село Нежилово, како и неколку фотографии од тоа каде живее:

Незнам и не сакам да знам , како во овие 25-30 години се доделуваа станови, еднократна парична помош, донации и слично. Дали за да земеш социјален стан или било каква помош треба да си член и гласач на партијата која е на власт, да си вработен, да имаш куќа на татково име, да имаш фирма, кола, да си женет и многу други работи, и тоа е услов за социјален стан….“

Вака почнува еден статус на социјалните мрежи објавен деновиве а од кој јавноста дознава за ситуацијата во која се наоѓа Ангел од село Нежилово а од приложените фотографии може да забележиме дека станува збор за човек кој боледува од епилепсија, зад себе има неколку операции и неспособно за работа, живее во распадната колиба со влага, привремено во која нема ништо што е негово, бидејќи е на негов роднина.

…Neznam i ne sakam da znam,kako u ovija 25-30 god.se dodeluvaa stanovi,ednokratna paricna pomos,donacii i razno razni…

Публикувахте от Igor Lisa Petrov в Вторник, 28 януари 2020 г.

Ангел, секое утро патува и 5 км за да јаде во народната кујна во Кратово.

Но сите тие услови не се пречка за Ангел и тоа не влијаело негативно на него, кој и покрај се е весел и покрај сите дијагнози, наутро кога ќе се разбуди се радува што е жив .

Овој човек, според наводите, добил само една донација од општина Кратово пред новата 2019 а оваа година бил заборавен, Но не и од пријателите и роднините, локални маркети кои почнуваат да му помагаат со храна и хигиена ….

Previous article(ВИДЕО) Каракамишева: Преспа не е, и не може да биде реалност
Next articleЗаев: Убеден сум дека Гоце Делчев и револуционерите од тој период се горди на нашето денешно остварување