(ФОТО) Каролина Гочева се огласи на социјалните мрежи за Новак Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ по осми пат стана шампион на Австралија Опен, откако во финалето по пет сета беше поуспешен од Доминик Тием.

Кога беше најпотребно, српскиот тенисер играше на највисоко ниво и заслужено се израдува на нова титула во Мелбурн.

По тој повод многу јавни личности преку социјалните мрежи истакнаа колку се горди на најдобриот светски тенисер.

Освен од уметниците од српската естрада, Новак честитки доби и од македонските јавни личности.

Една од нив беше и македонската пејачка Каролина Гочева која во кратктите приказни на „Инстаграм“ објави фотографија од тенисерот, а во описот на истата напиша: „Еден и единствен“.

Извор: Вистина

Previous articleКаракамишева: Груевски згреши што не го уапси Заев
Next articleПроговори жената што на Лила Филиповска и исплати 250.000 евра