Латас навести кога ќе се врати на малите екрани (ВИДЕО)

Познатиот новинар и ТВ водител Драган Павловиќ Латас, по подолго време гостуваше во емисија во живо и ги изнесе своите ставови за актуелните политички случувања во земјава.

Латас бил секогаш интересен гостин за гледачите, бидејќи располага со информации кои најчесто публиката не ги слушнала.

Тој објасни зошто го нема на малите екрани, но и кога ќе се врати назад. На прашањето од новинарот Горан Момировски, Латас објасни дека се повлекол од јавните настапи во ТВ Сител, бидејќи борбата која ја води со институциите на системот е негова лична и не сакал да ја вмешува телевизијата, ниту кој било друг.

,,Борбата е моја и сам ќе ја извојувам, како и многу претходно”, нагласи Латас.

Тој исто така изјави дека не се збогувал засекогаш со малите екрани, туку штом ќе завршат судските процеси против него, најверојатно ќе се врати.

,,Засега сум сконцентриран на електронските медиуми, кои впрочем и се иднината во новинарството, порталите Вечер и Весник. И не им се давам на помладите кои исто така работат портали”, нагласи Латас.

Previous article(ФОТО) Шилегов откри голем скандал и објави фото-докази од човечки органи
Next articleЛила Филиповска со остар демант на обвинувањата: Парите се вратени!