Лила Филиповска со остар демант на обвинувањата: Парите се вратени!

Водителката Лила Филиповска демантира дека учествувала во измама на градежната фирма „Дан-Мак“, од каде што обвинуваат дека им биле земени 250.000 евра за наводно учество во ЕУ проекти за изградба на домови на стари лица.

Порталот МКД.мк објави изјави од наводно измамената Ена Норнилд, косопственичка на градежната компанија, која посочува дека пред две години поднела кривична пријава против Бојан Јовановски и Филиповска, а која според неа, била заборавена во некоја обвинителска фиока.

Лила Филиповска за „Фокус“ појаснува дека изминатиот период се води хајка против неа, со што и е нанесена огромна штета, поради валкање на нејзиното име и чест.

-Ноторна лага е тоа што го кажува госпоѓата, чие име и не сакам да го изговорам. Оваа хајка против мене трае веќе подолг период, со објавување на неточни и половични информации. Вистината е дека парите се вратени, за што доказ се и уплатниците кои ви ги доставивме. Во моментот се води граѓанска постапка, која е при крај, а која не треба да биде во интерес на јавноста, но очигледно е дека намерата е да се згази по мојата чест и углед, вели Филиповска.

Таа додава дека е злоупотребено нејзиното име, без притоа никој да ја праша за нејзината страна од приказната.

-Ова е крајно непрофесионален и некоректен однос од новинарите, кои не побараа моја изјава. Дотичната пак продолжува да ги злоупотребува медиумите и социјалните мрежи, наместо да остави судот да покаже кој е во право. Затоа моите адвокати ќе поднесат соодветни поднесоци за лажните искази, како и за нарушувањето на мојата чест и углед, вели Филиповска.

Целата реакција и фотографииуте од уплатниците погледнете ги на ФОКУС

Previous articleЛатас навести кога ќе се врати на малите екрани (ВИДЕО)
Next articleМила Царовска бара жени да се кандидираат за претеници (ВИДЕО)