Што се случувало во авионот на „Рајанер“ кој летал од Будимпешта – патниците се онесвестувале еден по еден

Шон Петерсон бил еден од патниците што на 31 јануари летале од Будимпешта до Единбург со авион на компанијата „Рајанер“.

Дваесет и седумгодишниот патник изјавил дека патниците почнале да се онесвестуваат во рок од еден час по полетувањето. Прво се онесвестила една седумнаесетгодишна девојка, која била реанимирана, а потоа  се онесвестил друг патник . Шон, исто така, се онесвестил.

„Сите се испаничија затоа што никој не знаеше за што станува збор. Посакувате никогаш повеќе да не се качите во авион. Тоа беше лет од пеколот“, рече тој, додавајќи дека екипажот донел огромни шишиња со кислород за оние на кои им требале.

„И јас се онесвестив и ми требаше кислород “, рече Петерсон, кој бара отштета од авиокомпанијата.

„Нешто не беше во ред. Луѓето се жалеа дека нема доволно воздух. Не знам зошто не извршија принудно слетување“, раскажува тој.

Аеродромот во Единбург потврди дека персоналот давал прва помош за време на летот и дека патниците ги чекала Итна помош при слетувањето. Сепак, од авиокомпанијата велат дека немало проблеми со авионот, иако патниците не веруваат во тоа. Натамошната истрага ќе покаже дали навистина имало недостиг од кислород.

Извор: 24 Инфо

Previous articleМартин, другар на убиeниот Пино сведочеше со кој изговор обвинетата Ангела го повикувалa
Next articleДоктор предупредил за Корона вирусот – му дошла полиција дома и го замолчеле