Тито Петковски: Парламентот нема обврска да се распушти затоа што така се договориле лидери на партии

Поранешниот претседател на македонското Собрание, Тито Петковски, во изјава за НОВА ТВ, смета дека парламентот со чиста совест може да замижи пред договорот на лидерите.

„Парламентот ниту донел одлука, ниту, пак, ќе сноси некаква одговорност ако не се придржува на договорот на шефовите на партиите. Оската на парламентарната демократија е сосема изместена. Тоа што подолг период ни се случува повеќе наликува на некаква договорна држава.

Ако продолжи праксата лидерите на политичките партии да одлучуваат наместо парламентот, во Македонија никогаш нема да важи ни Устав, ни закон. Тоа е само нивен договор без партиципација на пратеничките групи. Се договориле кај претседателот на државата и ја играат главната улога.

Конечно, изборите ги распишува претседателот на Собранието, но очигледно никој не го есапи. Тој, да речеме, не присуствуваше на средбата кај претседателот на државата. Ништо не може да биде свето се додека нема закон со кој ќе се распушти Собранието, а ќе го донесе законодавниот дом“, вели за НОВА, спикерот во третиот парламентарен состав Петковски.

Целиот текст прочитајте го на НОВА

Previous articleУапсен вработен во УЈП – познато што се обидел да направил
Next article(ВИДЕО) Граѓаните на Подгорица загрижени – што ли се подготвува, оклопни возила на улиците