Албин Курти: Србија никогаш го немала Косово – тоа и самите си го признаа

Косовскиот премиер Албин Курти изјави вечерва дека не може да се дојде до Договор со Србија, ако нејзиниот пристап во преговорите е дека мора да добие нешто.

Коментирајќи ја пораката на претседателот на Србија, Александар Вучиќ дека Србија исто така мора да добие нешто од Косово, Курти оцени оти тоа не може да биде почетна точка за решавање на проблемот.

Пристапот на Србија „и ние мораме да добиеме нешто“ нема да донесе договор. Тоа не може да биде почетна точка за решавање на проблемот.

Не сме овде за да ги зголемиме апетитите, туку да ги залечиме раните – рече Курти.

Според него, Србија признала дека никогаш и не го немала Косово, туку го изгубила за време на режимот на Милошевиќ.

Previous articleЃорѓи Спасов го нападна Мицкоски, Калајџиев му прокоментира: Не спинувај со моја фотографија!
Next articleКопија на татко му – Погледнете како изгледа синот на легендарниот пејач Луис