(ВИДЕО) Во Штип 45 семејства заложници на човекот кој тврди дека бил киднапиран од вонземјаните

Не само станарите на зграда бр.2 на улица Сајбие Демир, заложници на штипјанецот кој тврди дека бил киднапиран од вонземјаните се и институциите.

Ниту судот,Центарот за социјлни работи,Општинта, АД за стопанисување со станбен и деловен престор не можат да го решат проблемот што речиси триесет години ги тишти 45-те семејства станари на зградата.

Loading...

Алфа тргна во потрага на одговори на прашањето зошто Миќи Трајчески се уште го узурпира станот, ако се земе во предвид дека е раскинат догоговорот за стопанисување.

Во 2009 год. Поради неплакање на станарината, непочитување на куќниот ред и уништување на имот во сопственост на државата, судот му го одзел станарското право.Но наместо да се исели, тој и понатаму продолжил да го узурпира станот со големина од 65квадрати.

Уште во септември минатата година штипската подружница на Станбеното претпријатие има испратено допис до владината Комисијата за станбени прашања во кое се бара на Трачевски да му се додели помал стан со посебен влез, но одговор се уште нема..

Миќи Ли Трајчевски не е корисник на социјален додаток.Зема инвалидска пензија во висина од 12.000денари, појаснуваат од Центарот за социјални работи. Тие не можат ништо да сторат, бидејки лието не е нивни клиент.

Досега реагирале но само во делот на малолетните деца кои шетаат со него, за кои станарите кажуваа дека ноќите ги поминуваат со него,мотајки се во партали и губре.

Целата сторија проследете ја на ТВ Алфа.

Loading...