Бане од скопско по 7 години дочека инвалидска пензија: Се трудевме, бевме упорни и еве добивме

Бане Најдовски од Ајватовци конечно доби инвалидска пензија. Трајно губење на работната способност и инвалидност од прв степен е одлуката на Комисијата составена од лекари каде Бане беше на преглед минатиот месец.

Долгогодишната голгота на семејството Најдовски заврши вчера со добивањето на решението од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

– Се трудевме, бевме упорни и еве добивме. Од 2013 до сега сме низ лавиринитите на инситутциите, од врата на врата, кај лекари. Пет пати поднесувавме документи, четири пати не одбиваа, сега добивме, вели Лиле Најдовска, сопруга на Бане.

Бане е со здравствени проблеми од 2008 кога го имал првиот мозочен удар. Повеќе од 11 години неговата сопруга и синовите го носат на лекари а во 2016 му е дијагностицирано и деменција.

Иако во специјалистичките извештаи му пишуваше дека не може да се грижи сам за себе, од ПИОМ добиваше одговори дека е работоспособен. Но во последното решение Комисијата констатирала дека кај Бане работната способност е намалена дури за 81 процент.

Целата сторија може да ја проследите на Сител ТВ.

Previous articleЧовек кој живее од денес за утре пронашол новчаник полн со пари и веднаш знаел што да направи
Next articleСкопјанецот Колевски револтиран: Ни измислиле дека сме иселени во Канада или Австралија, а јас не сум бил никогаш таму