(ВИДЕО) Коста Петров доби „корпа“ од Шилегов

Портпаролот на СДСМ, Коста Петров го објави својот нов серијал на „30 прашања со..“, но овој пат пред камерата се најде таткото на Град Скопје, Петре Шилегов кој културно го одби со изговор дека има многу работа.

Публикувахте от Петре Шилегов в Петък, 7 февруари 2020 г.

На локалните избори во 2017 Шилегов стана градоначалник на Скопје по првиот изборен круг со освоени 141.164 гласови, односно 40 илјади повеќе од неговиот противкандидат Коце Трајановски. Пред да влезе во политиката, Шилегов работел во приватна адвокатска канцеларија како адвокат од областа на стопанското право. Тој е оженет и татко на две деца.

Неодамна потпретседателот на СДСМ, Коста Петров во гостување на телевизија Канал 5 ја коментираше кампањата на СДСМ на социјалните медиуми со видеата „30 прашања“. Вели дека одлично поминувале, а во план е да се снимат уште пет.

-Досега имаме направено 5 видеа, а во план се 10. Видеата „30 прашања“ одлично поминуваат. Тие прикажуваат една друга страна на политичарите, да се даде една почовечка димензија, смета Петров.

Previous articleНашинец во Германија полицијата за два часа два пати го фатиле пијан зад волан
Next articleЧовек кој живее од денес за утре пронашол новчаник полн со пари и веднаш знаел што да направи