Маж пеплосан од струја кај Илинден, но пожарникарите спречиле трагедија од уште поголеми размери

Како што пренесува Сител, утрово на цистерна со нафта во скопската населба Илинден маж изгоре по удар од струја.

Според првичните информации на Досие, било пријавено дека маж гори качен на цистерна за нафта. Со брза интервенција на пожарната служба е спречена уште поголема трагедија.

Пожарникарите успеале да го изгаснат огнот и да спречат да ја зафати цистерната која е полна со гориво, но и да спречат огнот да ја зафати и околината.

Полицијата и обвинител ќе вршат увид да го утврдат идентитетот на жртвата и причините зошто се качил на цистерната и како дошло моментот да го фати струја. Човекот не можело да се спаси, горела облеката и тој е целосно изгорен.

Previous articleЗагина Македонец во италијански Асти: Излетал од патот и удрил во ѕид од куќа
Next article„Преку ноќ“ околу 8000 луѓе во Македонија може да останат без работа, а државатa без 250 милиони евра