„Преку ноќ“ околу 8000 луѓе во Македонија може да останат без работа, а државатa без 250 милиони евра

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија предупредува дека со предлог измените на Закон за игрите на среќа и забавните игри, кои предвидуваат отворање на казина и обложувалници само на одалеченост од 3 километри од населено место, 7.700 луѓе преку ноќ остануваат без работа.

„Дали се подготвени да избришат една цела стопанска гранка која дава значаен придонес во државниот буџет и директно вработува 7.700 луѓе кои индиректно подржуваат 54.000 работни места во други стопански гранки?

Дали се подготвени да ризикуваат да избришат една целосно регулирана индустрија и да создадат услови за нелегално обложување и сива економија? Освен за обложувалниците, ова ќе значи и огромна загуба за државата која притоа ќе ги загуби и 253 милиони евра, кои по основ на давачки и даноци секоја година се слеваат во државната каса“, соопштија од АСОМ.

Откако предлог законот се најде на собраниска седница, од таму предупредуваат дека законот се носи без соодветни претходни анализи на состојбата, социјални и финансиски импликации кои би ги предизвикале.

Целата сторија проследете ја на Фокус.мк

Previous articleМаж пеплосан од струја кај Илинден, но пожарникарите спречиле трагедија од уште поголеми размери
Next articleДете од Куманово заврши во болница откако падналo од силос за жито при обид да се фотографира