Загина Македонец во италијански Асти: Излетал од патот и удрил во ѕид од куќа

За жал по несреќата од пред неколку дена во Пјаценца во која загинаа двајца млади Македонци, сега и информација дека четириесет и осум годишен маж загинал во сообраќајка во Италија.

Веста првично ја пренесоа италијанските медиуми според кои, македонскиот државјанин настрадал додека бил на пат кон работа во Костиљоле во провинцијата Асти.

Според наводите , на мажот веројатно му се слошило, бидејќи со возилото „фиат стило“ излетал од патот и удрил во ѕид од куќа но, се претпоставува дека не возел со голема брзина бидејќи немало никакви траги од кочење па веројатно изгубил контрола.

Она што се додава е дека неговото тело било најдено надвор од автомобилот а претпоставките се дека излгол од возилото и починал, но засега полицијата не ги потврдува овие наводи бидејќи се работи на расчистување на случајот.

Previous articleДодека цел Свет е во паника, Македонците не се плашат од Коронавирус
Next articleМаж пеплосан од струја кај Илинден, но пожарникарите спречиле трагедија од уште поголеми размери