Ѓорѓи од Прилеп кој е со телесен инвалидитет: Ме сопира полиција и ми вели излези од кола

Лицата со телесен инвалидитет кои живеат надвор Скопје со години не можат да полагаат за возачка дозвола затоа што единственото возило во државава приспособено за оваа намена се наоѓало во главниот град, вакви возила нема во другите населени места.

Ѓорѓи Велески од Прилеп вози веќе над 30 години. Нема возачка дозвола. До сега вели дека полицијата имала разбирање за оваа ситуација и не им правела проблеми, но во последните неколку месеци контролите зачестиле, но и како што вели дрското однесување на некои полициски службеници.

Loading...

„Почнаа да изигруваат и доктори. Не запираат, им даваме тоа што треба да им дадеме, сообраќајна дозвола, регистрирано, дотерано, се што треба. Тие не ни веруваат дека ние сме телесни инвалиди, едноставно ни велат: излези од кола, или од каде да знам дека ти си со телесен инвалидитет“, вели Ѓорѓи Велески, секретар на здружение на „Мобилност“ Прилеп.

Лицата со телесен инвалидите велат дека не сакаат да го прекршуваат законот, но бараат и државата да ги почитува меѓународните конвенции кои ги потпишала и да им овозможи тоа што е потребно.

„Имаат потреба од возило, имаат потреба од возење на возило со специјални намени. Сакаат да си полагаат луѓето, сакаат да се вклучат во системот, во режимот сообраќаен, така да ние не сакаме да стрчиме во општеството, ова си го бараме по конвенцијата“, истакна Кире Иваноски, основач на „Мобилност“ Прилеп.

Целата сторија со видео прилог последете ја на ТВ Сител

Loading...