Лила Стојановска доби кривична – познато за што се терети

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против водителката Лила Стојановска за „даночно затајување„ на 1,78 милиони денари данок.

„Поради постоење основи на сомневање за сторено кривично дело „Даночно затајување“ до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Л.С. која во својство на физичко лице во периодот од 21.06.2017 година до 07.07.2017 година, на личната банкарска сметка, во три наврати примила парични средства во вкупен износ од 16.095.600 денари, по основ на склучен Договор за изготвување на „Проект за Интернационална асоцијација за заштита на човековите права“ со Друштвото ИЗГРАДБА ИНЖЕНЕРИНГ ДАН-МАК Скопје и лицата Е.Н. и Д.Н“ – информираат од Финансиска полиција.

Loading...

Оттаму посачуваат дека „Расположивите парични средства како остварен приход Л.С. ги подигнала во целост и во готово за себе лично, при што без да ги пријави во Годишната даночна пријава за 2017 година до Управата за јавни приходи, не пресметала и не уплатила Персонален данок на доход во висина од 1.788.398 денари, за кој го оштетила Буџетот на Република Северна Македонија“.

Како што и претходно беше откриено за јавноста, Лила потврди дека дента кога Боки 13 беше уапсен, таа заедно со него и новнарката Анета Кочишки биле тргнати на одмор на Миконос.

Лила рече дека биле тргнати за Миконос, но нажалост одморот не се реализирал.

На прашањето од судијката кој го платил овој луксузен одмор, Лила остро одговорила дека таа секогаш носи пари со себе, никогаш не чека друг да и плаќа нешто, па ниту одморот кој ако требало да се плати ќе го платела самата.

Loading...