Мизрахи не ја дава Македонија и по цена од 5000 евра

Техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, денеска одржа прес-конференција на тема „Криминалите на Мила Царовска“.

Прашана за таблата, Мизрахи истакна дека нема намера да ја менува таблата со името Република Македонија, па дури и е подготовена да плати казна.

Loading...

„Ќе платам казна од 5.000 евра, но таблата со Република Македонија не ја менувам. Немам намера да ставам банер со Република Северна Македонија“, рече Мизрахи.

„Какви последици? Кон мене? Од твит? Па јас немам Твитер. Или од вербална нота? Новинари, вие сте писмени, проверете што тоа е вербална нота, која јас никогаш не ја видов“, изјави Мизрахи коментирајќи ги реакциите од Грција на неспроведувањето на Преспанскиот договор.

„Јас не сум Мила Царовска. Јас сум Мизрахи. Тука никогаш не најдов банер со Северна Македонија. Ова е единствената табла на Министерството за труд и социјална политика и тука ќе се држат сите прес-конференции“, рече Мизрахи додавајќи дека ниту размислува да постави банер со друго име ниту стравува од последици кон неа и кон државата за непочитувањето на обврските од Преспанскиот договор.

Loading...