ВМРО-ДПМНЕ: Пандемијата коси низ Македонија, а СДСМ ја злоупотребува вонредната состојба

Соопштение до јавноста од ВМРО-ДПМНЕ:

Пандемијата коси низ Македонија, граѓаните ги трпат последиците од мерките, а СДСМ ја злоупотребува вонредната состојба. Нема соодветна заштита за медицинскиот персонал и за граѓаните, недостасува сеопфатно тестирање, а функционерите на СДСМ се однесуваат како шерифи.

Loading...

Единствено нешто што функционира се огласите за времени вработувања и парите кои се слеваат кај партиските послушници. Граѓаните се прашуваат дали власта се наоѓа во состојба на епидемија и криза или во политичка кампања. Советник на СДСМ во полициски час си тераше партиска кампања, а директор си објавуваше фотографии како со друштво прославува.

Републичкиот штаб нема информации дека општински штаб е тестиран заради сомненија дека членовите се инфицирани и само заради пропаганда одржува состанок под ризик да ја рашири заразата. Протоколите се игнорираат, а заради внатрепартиски битки се игнорираат и барањата на општинските штабови.

Целата паника се користи за ослободување на инволвираните во случајот „Рекет“. Државата е во хаос и дополнително ќе ја заглават на долг рок. Рецесијата е започната, пари нема за бизнисите, граѓаните се исплашени за својата егзистенција, а власта нелогично ќе ја спасува олигархијата од пропаст.

Додека во светот и во европските земји владите носат сериозни мерки за заштита на граѓаните и стопанството, претставниците на власта во Македонија се натпреваруваат кој повеќе пресови ќе направи за да бидат „популарни“ и видени. Со ваков популизам и неспособност пати народот и државата којашто е во колапс.

Loading...