Бухова вели дека Максим треба да остане во изолација – тој вчера соопшти дека е негативен

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, ќе остане во самоизолација до истекот на 14-те дена од денот кога го добил решението од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, изјави директорката на ДСЗИ, Иринка Бухова.

Димитриевски вчера на Фејсбук објави дека направил неколку теста во приватни установи кои покажале дека е негативен на Ковид 19 и побара да му биде укинато решението за самоизолација..

Loading...

-Протоколот за лекување на ковид-позитивни лица кои со решение се на домашно лекување е дека не може да се прекине постапката сѐ до извршување на решението. Тоа значи дека лицето кое има позитивен резултат на ковид и е на домашно лекување, останува таму до истек на 14-от ден, кога ќе почне процес на тестирање за да се утврди дали е позитивен или негативен, рече Бухова одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција на Инспекцискиот совет.

Таа потоа накусо ја објасни процедурата на контролните тестови по 14-от ден, односно дека првиот се прави во домашни услови од Центарот за јавно здравје во општината каде што е пациентот, а во следните 24 до 48 се прави уште еден тест кој се контролира во ИЈЗ. Доколку двата се негативни, лицето се смета дека е излекувано.

Бухова рече дека е завршена постапката што требаше да ја спроведе овој Инспекторат за тоа дали кумановскиот градоначалник ја прекршил процедурата поради што премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи и министрите Венко Филипче и Арбер Адеми се во самоизолација, откако присуствуваа на седницата на општинскиот кризен штаб во Куманово и дека истиот е предаден во МВР  и во Министерството за здравство.

Извор: 24 инфо

Loading...